Управен одбор
Управниот одбор на ЗПГА е извршното тело кое ги спроведува одлуките на Собранието и се грижи за тековното работење на Здружението. Ова тело е составено од 7 членови и е одговорно за подготовка на стратешките планови, управување со ресурсите и координација на активностите помеѓу Членките. Членовите на Управниот Одбор (УО) на ЗПГА ги избира Собранието на Здружението од редовните членки, а од редовите на избраните членови на УО се избира претседател на Управниот Одбор. УО на ЗПГА ги подготвува седниците на Собранието на Здружението и ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Собранието. Донесува одлуки во врска со спроведувањето на програмата за работа, финансискиот план и другите акти на Собранието на Здружението. Во делокругот на работа, дава иницијативи и зазема ставови за донесување предлози за законски и други прописи и акти кои се од интерес на Здружението, донесува одлуки врз основа на Статутот на Здружението и донесува акти за организацијата, систематизацијата и делокругот на работа на стручните служби во согласност со законот и статутот на ЗПГА. УО дава редовни, најмалку еднаш годишно, извештај за работата до Собранието на ЗПГА. Членството во Управниот Обор е доброволно и без финансиска надомест. Избраните Членови на УО на ЗПГА имаат мандат од 4 години.
На изборното собрание оддржано на 27.02.2026 година со акламација избран е новиот состав на УО на ЗПГА.