Насловна
>
За нас
>
Управен одбор
>
Д-р. Вероника Кокоромановска

Д-р Вероника Кокоромановска

Д-р Вероника Кокоромановска е специјалист по гинекологија и акушерство со долгогодишно професионално искуство во грижата за здравјето на жената во рамките на примарната здравствена заштита.

Д-р Вероника Кокоромановска

Член на Управен одбор
Специјалист Гинеколог – Акушер

Биографија

Д-р Вероника Кокоромановска е специјалист по гинекологија и акушерство со долгогодишно професионално искуство во грижата за здравјето на жената во рамките на примарната здравствена заштита.

Во својата работа е посветена на унапредување на превентивната гинекологија, следење на бременост и примена на современи дијагностички методи. Континуирано се усовршува преку активно учество на домашни и меѓународни конгреси, стручни состаноци и едукативни програми.

Дел од својата професионална едукација ја има стекнато во реномирани меѓународни институции, вклучително и King’s College London и VU University Amsterdam, како и преку програмите на ECPD – Европски центар за мир и развој при Универзитетот на Обединетите нации.

Како член на Управниот одбор на здружението, активно придонесува во иницијативите насочени кон унапредување на професионалните стандарди и развојот на примарната гинеколошка здравствена заштита.
© 2026 ЗПГА. Сите права задржани.