Биографија
Д-р Никола Личоски е специјалист по гинекологија и акушерство со долгогодишно клиничко искуство.
Од 1998 година работи во Гинеколошко-акушерската болница Чаир, каде стекнува значајно хоспитално и професионално искуство во областа на гинекологијата и акушерството.
Својата кариера ја продолжува како матичен гинеколог,посветен на континуирана грижа за женското здравје и превентивна медицина.
Во текот на својата кариера, континуирано се усовршува во меѓународни и домашни програми, учество во стручни едукативни проекти, конгреси, симпозиуми со особен интерес за современ пристап во дијагностички и терапевтски процедури.
Учествува на симпозиум за ултразвучна дијагностика со сертификат од ECPD (Европски Центар за мир и развој) под покровителство на Обединети Нации.
Како член на Управниот одбор на здружението, се залага за подобрување на здравствените стандарди и промовирање на професионалната одговорност и етика.