Биографија
Д-р Лулзиме Хоџа е специјалист по гинекологија и акушерство, посветена на современа и квалитетна здравствена грижа за жената во сите фази од животот. Во својата работа се фокусира на превентивна гинекологија, следење на бременост, ултразвучна дијагностика и репродуктивно здравје.
Од 2003 до 2011 година работела на Одделението за гинекологија и акушерство во Гинекологија Чаир, каде стекнала значајно клиничко искуство во областа на гинекологијата и акушерството.
Континуирано го надградува своето знаење преку учество на домашни и меѓународни стручни едукации и семинари. Има учествувано на Third Balkan Telemedicine and e-Health Seminar, каде ги проширува своите знаења во областа на современите дигитални медицински технологии и телемедицината.
Дополнително, има посетувано едукации во рамките на Ian Donald School of Ultrasound, со што го усовршува своето знаење и вештини во областа на ултразвучната дијагностика во гинекологијата и акушерството.
Во секојдневната практика се води од професионалност, индивидуален пристап и посветеност кон секоја пациентка, со цел обезбедување сигурна и квалитетна здравствена грижа.