Драги колеги,
По повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, Управниот одбор и Претседателот на ЗПГАМ упатуваат искрени честитки и голема благодарност до сите гинеколози, кои секој ден со професионалност, емпатија и посветеност стојат покрај жената во сите нејзини најважни моменти.
Нашата работа е темел на здравото семејство и здравата иднина на општеството. Гордост е да се биде дел од ваква професионална и хумана заедница.
Нека овој ден биде потсетник на значењето на нашата улога и на почитта што ја заслужуваме .
Ви посакуваме добро здравје, мир, професионални успеси и секогаш да ја чувате енергијата и топлината со која им помагате на другите.
Среќен 7 Април – Светски ден на здравјето!