Насловна
>
За нас
>
Управен одбор
>
Д-р. Вероника Кокоромановска

Д-р Лулзиме Хоџа

Д-р Лулзиме Хоџа е специјалист по гинекологија и акушерство, посветена на современа и квалитетна здравствена грижа за жената во сите фази од животот.

Д-р Лулзиме Хоџа

Член на Управен одбор
Специјалист Гинеколог – Акушер

Биографија

Д-р Лулзиме Хоџа е специјалист по гинекологија и акушерство, посветена на современа и квалитетна здравствена грижа за жената во сите фази од животот. Во својата работа се фокусира на превентивна гинекологија, следење на бременост, ултразвучна дијагностика и репродуктивно здравје.

Од 2003 до 2011 година работела на Одделението за гинекологија и акушерство во Гинекологија Чаир, каде стекнала значајно клиничко искуство во областа на гинекологијата и акушерството.

Континуирано го надградува своето знаење преку учество на домашни и меѓународни стручни едукации и семинари. Има учествувано на Third Balkan Telemedicine and e-Health Seminar, каде ги проширува своите знаења во областа на современите дигитални медицински технологии и телемедицината.

Дополнително, има посетувано едукации во рамките на Ian Donald School of Ultrasound, со што го усовршува своето знаење и вештини во областа на ултразвучната дијагностика во гинекологијата и акушерството.

Во секојдневната практика се води од професионалност, индивидуален пристап и посветеност кон секоја пациентка, со цел обезбедување сигурна и квалитетна здравствена грижа.
© 2026 ЗПГА. Сите права задржани.