Биографија
Д-р Душко Филиповски е специјалист по гинекологија и акушерство со долгогодишно професионално искуство во примарната здравствена заштита, превенција и грижа за женското здравје.
Континуирано учествува во домашни и меѓународни програми, конгреси, конференции.
Активен член на Здружението на матични гинеколози и акушери (ЗПГА), д-р Филиповски ја извршуваше функцијата претседател на здружението почнувајќи од 2015 до 2026 година.
За време на неговиот мандат, д-р Филиповски активно се залагаше за унапредување на статусот на приватните гинеколошко-акушерски ординации, подобрување на соработката со релевантните институции и унапредување на квалитетот на здравствената заштита за пациентките. Под негово раководство, ЗПГА работеше на зајакнување на професионалната соработка меѓу членовите, организирање на стручни средби и иницијативи за подобрување на условите за работа во приватниот сектор.
Д-р Филиповски со својот професионален ангажман и посветеност даде значаен придонес во развојот и афирмацијата на ЗПГА.
Како член на Управен Одбор на здруженито, активно учествува во иницијативи за унапредување на здравственте стандарди и улогата на матичните гинеколози во примарната здравствена затита на женската популација.